Nostalgija

Strajk

Текст:
Од сам старт висење на асфалт со мојот брат рап сум од зори па до самрак, прв таг е со мене, кога цртав и прва борба, прва цигара запалена на мезанин во порта, на фер, за да видат кој е појак, па мора да си лош зошто никој не те цени добар, така мора во екипа сите исто зборат, па мора да ја знаеш секоја фора нова, не не интересирало бизнис, а приоритетот ни бил да висиш, кој трип е на скејт прв кикфлип, скитање, улица, скилз и рима, а тогаш не ни знаев дека СТР2 ке снимам, ни па дека ке бидам на бина, спомените ме тераат да се сетам, да растеш во 90ти е како да си растел на друга планета, дали ме сфати колку е ова свето, без бедот, спомените од нашето детство, рап и јас ко терапија дали ме разбираш дека неможе да допре плагијат, сфати ја дека трипаме на ова како матори што трипаат на бивша Југославија, а се се менува веруваш така? Дека денешната среќа е утрешната тага...

Рефрен:
Носталгија, нема никад да се видиме ли пак и нема веќе ништо да е исто, носталгија, нема филмот да е како некад бил и ке фали ова како кога не си дома
Носталгија, ке фалат тие места но ке биде се во ред и ке се сетиш - нема бед
Носталгија, нема никад да се видиме ли пак и нема веќе ништо да е исто

Сме од место каде болат тие теми каде тонат нашите поети во нивните цели, ко ке се сетиш дека не се безсмислени овие песни тогаш ли ке цениш? А горе-доле сме со истите проблеми, живот, нашите моменти заробени во снимка, заробени во слика, за да не заборават на ова ни кога ке остарат понатака никад да не заборават од кај се со кого ти си растел, а ако си од мое маало тогаш знаеш, а светов сменет е, што е сега десерт? Ти текнува ли сине на леб, вода и шекер, а тука сме ли само за да се сетат понекад дека се губиме полека, а време не чека, годините ни претат нели гледаш? Нема шанса друга тука си еднаш и те нема!

Рефрен x4

Músicas más populares de Strajk

Otros artistas de Punk rock